Вести Македонија

Со лажни пасоши за белосветски шверцери на дрога со потерници- групата од Двојник заработила повеќе од милион евра, судот изрече уште 3 пресуди

За огромниот скандал со нелегално издадените 215 пасоши, кривичниот суд во Скопје ги прогласи за виновни тројцата преостанати обвинети кои не признаа вина.

Службеникот во пасошко Фарук Буки е осуден на три години затвор, додека службеничките Весна Колевска и Бранислава Шпишиќ се осудени условно на една година затвор доколку во наредните три години сторат друго кривично дело.

Казната на Буки е најдолгата изречена од судот за случајот Двојник. Останатите 8-мина кои признаа вина се осудени до максимум 2 години и 5 месеци затвор. Освен една контролорка и посредникот во зделките, сите осудени се вработени службеници во управните служби на МВР.

Истрагата продолжи за да открие дали и кои функционери од повисоките структури на МВР помагале во операцијата. Пасошите се издавани од јуни 2017-та до јануари 2021-ва, а се користеле украдени лични податоци од македонски државјани кои со години не доаѓале во државата.

Меѓу оние што купиле пасоши во МВР се наоѓаат шверцери на дрога од Бразил, Британија, Албанија, Црна Гора и Србија по кои биле распишани и меѓународни потерници (повеќе во истражувањето на емисијата КОД). Никој не беше осуден за исплата на криминално стекната добивка.

Со пресудата беше предвидено само забрана за вршење дејност во период од 10 години со што службениците на МВР без разлика на пресудата нема да смеат да се вратат на работа во државна служба,

Доколку секој пасош бил наплаќан во просек по 5 илјади евра, тогаш осудените криминалци од управните служби на МВР заработиле 1.075.000 евра. Единствена сума која е утврдена во обвинение е 3 илјади евра за купувач од Косово кому му е најдена лажната патна исправа на преминот Блаце. Покрај тоа министерот Спасовски во еден јавен настап изјави дека пасошите се продавале за 20.000 евра. Сепак вкупната сума никогаш не беше пресметана, откриена или пак одземена од осудените. Извори од истрагата пак тврдат дека сумите за чист македонски пасош со исправен идентитет се движеле главно меѓу 5 и 10 илјади евра.

И покрај се, осудените беа гонети само за злоупотреба на службена положба, а не и за злосторничко здружение затоа што не биле обезбедени докази за тоа дело.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Јокиќ МВП по трет пат во НБА лигата

Дејан Дејан

Руската Дума го изгласа Мишустин за премиер

Дејан Дејан

Телма дознава: За 30-тина избирачки места во 5-тата изборна единица ќе има приговори од коалицијата на СДСМ и ЛДП

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе