Македонија Тест избори

За бегството на Мијалков има вина, ама нема кривично дело

Вина има во институциите и откриени се пропусти и во постапувањето и во меѓусебната комуникациа, но грешките не се за кривичен прогон, вака за Телма коментира обвинител запознаен со содржината на извештајот од предистрагата за бегството на Сашо Мијалков. Во истрагата не се најдени ниту докази дека некој му дојавил на Мијалков да се сокрие пред полицајците кои го барале да му врачат решение за домашен притвор или пак после му помагал да се крие. Во потрагата по Мијалков кој сам успеа да си дојде во обвинителство за да го земе  решението за притвор, учествуваше МВР, истражуваше обвинителството, а судот ги определуваше мерките. Вицепремиерот задолжен за борба против корупција уште го нема добиено извештајот, па избегнува да коментира.

Обвинителството во соопштението во кое не утврди докази за нечија кривична одговорност ниту пак посочи дека е утврдено бегство, посочи слабости, но не ги „издаде“ институциите кои згрешиле. Во истрагат биле сослушани 37-мина, а пред надлежната обвинителка изјави дале премиерот Заев, министрите Маричиќ и Спасовски, обвинителите Јовевски и Русковска. Низ изјавите биле утврдени институционалните пропусти.

Најверојатна верзија на настаните е дека Мијалков излегол пеш од куќата на задниот влез, додека полициските службеници со притворското решение чекале на предната врата и најверојатно биле задржувани од бодигардите на екс-директорот на УБК. По објавеното соопштение, одбраната на веќе осудениот поранешен директор на УБК смета дека му бил определен притвор за наводно бегство кое сега не е докажано. Очекуваат ослободување од Шутка од апелационите судии пред кои ќе се најде и предлогот од 10,8 милиони евра во имот, гаранција дека Мијалков нема да бега. Тој сега веќе има две пресуди со вкупно 20 години затвор.

Во соопштението е наведено дека Мијалков доброволно се предал во 16:55 часот на 23-ти февруари, иако обвинителството по предавањето на бегалецот за емисијата КОД тврдеше во писмен одговор дека екс директорот на УБК се предал во 16 часот и неколку минути. И двете информации за тајмингот дојдоа од обвинителството, а времето на предавањето е важно затоа што според првично обајвеното, заклушокот беше дека Мијалков тргнал кај Русковска по решението за притвор додека министерот Спасовски го држеше пресот за акцијата за негово наоѓање.

Миомир Серафиновиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

“Вреди” по потегот на Силјановска: Не треба да се отвараат стари рани, ги разбираме емоциите, но не чекаат уставни измени на европскиот пат

Дејан Дејан

И ЕУ со реакција на првиот претседателски потег на Силјановска: Жалење поради постапката, а Уставот и меѓудржавните договори мора да се почитуваат

Дејан Дејан

ЦУК: Спасени две лица кои со „четвороцикл“ излетале во провалија на Шара

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе