Македонија

До сертификат за вакцинација се стигнува преку матичните лекари – тие очекуваат хаос пред ординациите

Здравствените власти се јасни и прецизни околу сертификатите за примена вакцина. Сите коишто се вакцинирале, документот кој е доказ за извршената имунизација треба да го побараат кај матичните лекари. Само вчера се аплицирани вкупно 14 илјади вакцини, а досега над 20 илјади лица се комплетно вакцинирани со двете дози од било која вакцина во земјава.

Матичните лекари очекуваат одлуката на здравствените власти да ја доделат таа задача на нив, да биде главна причина за гужви пред ординациите, особено периодов кога вакцини има и вакцинацијата се одвива со засилено темпо.

Некои од нив веќе се информирани за истата, додека други се уште не знаат што точно се бара од нив.

Во меѓувреме, спласнува третиот Ковид-бран. Далеку сме од опуштање и сè уште не е време да заборавиме на сите превентивни мерки и препораки, е советот на доктор Бојан Трајковски кој и самиот секојдневно прегледува заразени лица.

Денес бројката на заинтересирани за вакцинација надмина 300 илјади лица пријавени на vakcinacija.mk, а властите охрабруваат луѓето уште помасовно да се пријавуваат сега затоа што вакцини има, а се очекуваат и новите пратки.

Петар Догов

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Полицајците не помагаа кога изби пожарот во дискотеката, рекоа сведоци на судењето за „Пулс“

Дејан Дејан

Непознат багерист урна дел од куќа во Штип во која спиеле двајца браќа – тие тврдат дека куќата е на нивните родители

Дејан Дејан

Фостер од први август ќе се зема без доплата

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе