Свет

90 Палестинци повредени во судири со израелската полиција во Ерусалим

 Повеќе десетици луѓе се повредени во жестоките судири меѓу Палестинците и израелската полиција во Ерусалим, кои избувнаа синоќа, втор ден по ред.

Демонстрантите ги каменувале полицајците во близина на капијата Дамаск во стариот град во Ерусалим а безбедносните сили одговориле со шок бомби, гумени куршуми и водени топови.

Според палестинските медицински тимови, повеќе од 90 палестинци се повредени во судирите додека израелската полиција потврди дека има најмалку еден повреден полицаец,

Инцидентот следува по повеќедневното зголемување на тензиите околу најавените можни протерувања на палестинците од земјиштето кое за себе го посакуваат еврејските доселеници.

Во судирите во петокот повеќе од 200 палестинци и најмалку 17 израелски полицајци беа повредени во инцидентите во близина на комплексот на џамијата Ал – Акса, едно од најсветите места во исламот, кое се наоѓа веднаш до еден од најсветите храмови на Јудаизмот.

За израелскиот премиер, виновни за насилството се палестинските милитанти.

“Нема да дозволиме кои било екстремисти да го дестабилизираат мирот во Ерусалим. Ќе ги спроведеме законите на одлучен и одговорен начин. Ќе продолжиме да ја гарантираме слободата на вероисповед за сите вери, но нема да дозволиме насилство. Истовремено, им порачувам на терористичките групи дека Израел ќе одговори со сила на сите акти на агресија од појасот Газа” – изјави Нетанјаху.

Жестока осуда на акцијата на израелската полиција синоќа веднаш пристигна од Анкара, од турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, кој ги повика муслиманските земји на акција.

Суровиот Изрел, терористичката држава Израел, на брутален и неморален начин ги напаѓа муслиманите во Ерусалим, кои немаат друга цел освен да ги заштитат работите кои ги сметаат за свети, нивните домови од пред илјада години, нивната татковина” – смета Ердоган.

Израел го окупираше источен Ерусалим во војната на блискиот исток од 1967-та година и целиот град го смета за својата престолнина, иако со тоа не се согласува огромно мнозинство од меѓународната заедница.

Палестинците го сметаат источен Ерусалим за иден главен град на својата, се уште неостварена државност.

Обединетите нации го повикуваат Израел да се откаже од протерувањето на палестинските семејства од источен Еусалим и да покаже поголема воздржаност од употреба на сила против демонстрантите.

Никола Илиевски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Осомничен е 26-годишен маж за убиство на поранешната британска министерка Видикомб

Tea Dimkovska

Урсула фон дер Лајен ќе го донира пиштолот кој го доби од претседателот Ердоган на Самитот во Анкара

Tea Dimkovska

ЕУ ѝ одобри пристап на Унгарија до блокираните 10 милијарди евра – 6,5 милијарди евра грантови и 3,5 милијарди евра заеми

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе