Вести Македонија Топ вести

Коцарев ретерира: изнесените мислења се мој личен став

Целосни невистини и манипулации се написите за укинување на катедрите за македонски јазик и за македонска книжевност, се вели во отвореното писмо од филолошки факултет. За жал, велат професорите, овие написи доаѓаат токму во годината на чествувањето на 100-годишнината од раѓањето на нашиот патрон и професор, Блаже Конески, и 75-годишнината од основањето на катедрата за македонски јазик.

Првиот човек на МАНУ, академик Љупчо Коцарев, денеска помек во ставовите иако вчера наговести дека „реформите“ на катедрата по македонски јазик ќе донесат нејзино укинување. Во изјава за Телма денеска рече дека се радува што нема да дојде до тоа и дека сите претходно изнесени мислења биле само негови лични ставови.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Албанија на второто место во светот по баратели на азил до 18 години на 10.000 жители

Дејан Дејан

Врховниот судија Наќе Георгиев уапсен за вмешаност во поткуп од 10.000 евра во врска со случајот на поранешниот градоначалник на Ново Село кој беше фатен во шверц на марихуана

Дејан Дејан

Седница на Судски совет на полноќ – ќе се одлучува за имунитетот на судијата Наќе Георгиев

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе