Вести Македонија Топ вести

Бизнисмените сакаат да му ја дадат паричната награда на Дамјан Давков, која треба да ја добие од МОН

Во редакцијата на Телма пристигнуваат бројни повици од стопанственици, болници, здруженија и стопански комори, кои сакаат да му ја дадат паричната награда на 13 годишниот Дамјан Давков и на неговиот наставник, а кои од страна на Комисијата при Министерството за образование и наука се одбиени, бидејќи штипскиот Питагора, чудо од дете бил основец, а државниот натревар по математика на кој учествувал е за средношколци во прва година. Телма и вчера и денеска го пренесува ставот на семејството Давкови, кои одбиваат било каква донација и парична награда од граѓани, фирми, здруженија и комори. Нивната реакција е за апсурдноста на одлуката и на Законот, кој според нив е погрешно толкуван.

Веќе имавме понуди и од други и одбив. Заблагодарете се во мое име. Не станува збор некој друг да ја дава наградата што го следува од Министерството за образование и наука, по Закон, вели за Телма, Никица Давкова мајка на Дамјан.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Малолетник не смее да се качи на тротинет- нови законски измени

Kristina Kuzmanovski

Судската независност загрозена од другите државни инстанци

Sasko Dimovski

Пумпи во корито за отпадни води во Вруток можна причина над 1000 гостиварци да завршат во болница

Sonja Petrusevska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе