Ковид19 Македонија Најважни

Филипче: Системот за вакцинација е подготвен, ќе стартува во февруари

Контурите на системот за вакцинација против Kовид-19 се јасни и првата вакцина ќе биде аплицирана два до три дена откако првите вакцини ќе пристигнат во земјава. Министерот за здравство, Венко Филипче, е сигурен дека февруари е месецот кога ќе почне вакцинацијата во земјава.

Инаку Националниот план за вакцининација од коронавируаот содржи три сценарија во зависност од достапноста на вакцини. Според првото сценарио кое предвидува многу ограничена достапност на вакцини, од еден до 10 проценти од вкупната популација, би се вакцинирале здравствените работници од првата линија на работа со пациенти во болнички услови. Според планот тоа би опфатило 14.200 медицински работници во јавните и во приватните болници, и тоа од инфективни одделенија, интензивна нега, ургентен центар, итна медицинска помош, домашна посета, домови за стари лица, вработени во лаборатории за тестирање Ковид-19. Доколку има доволно вакцини во првата фаза со неа ќе бидат опфатени и лицата постари од 70 години како група со највисок морталитет и смртност од вирусот со бројка од 170.000.

„Како приоритете здравствените работници веќе ги имаме со име и презиме како ќе примаат вакцини, тука во клиничкиот центар во еден пункт, а во останатите градови во здравствените домови, таму каде што се аплицираат вакцините. Во однос на останатите граѓани, согласно возраста и хроничните болести, веќе е направе списокот со име и презиме на 14.000 луѓе, кои што ќе бидат повикувани само преку матичните лекари, а преку системот ’Мој термин’“, информира министерот за здравство Венко филипче.

Списоците за вакцинирање се прават според ризичните групи во кои спаѓаат лицата наведени во нивното здравствено досие.

Министерот Филипче информира дека и оние кои се регистрирани во системот дека го прележале коронавирус ќе бидат вакцинирани, но ќе почекаат да бидат прво вакцинирани оние кои не го прележале вирусот. Во моментов тие се изземени од списоците за вакцинација.

„Еве која е последната препорака, да дури и луѓе кои биле заболени после месец дена се вакцинираат, без разлика дали имаат или немаат антитела. Во таа смисла единствена контраиндикација за вакцинациија е да имаат некаков симптом на болеста. Само во тоа сценарио граѓанинот нема да се вакцинира“, вели Филипче.

Поради тоа на пунктовите за вакцинација ќе има лекар кој пред вакцинацијата ќе земе анамнеза за моменталната состојба на лицето кое се вакцинира.

Втората сценариото од Планот е направен за достапноста од 11 до 20 проценти на вакцини од вкупната популација во која за вакцинација би влегле и возрасните лица кои не се опфатени во првата фаза, тие на од 65 години и постари, но и оние на возраст од 20 до 65 години со хронични болести, како и здравствени работници со умерен ризик за инфекција, како матиочните лекари, стоматолозите, фармацевсти, вработените во центрите и институти за јавно здравје. Втората фаза ги опфаќа и вработени во витални институции за нормално функционирање на општеството –полиција, царина, пожарникари, судство, вработените во Владата и Собранието, Армијата, но лицата од образовани институции вклучени во настава со физичко присуство и вработени во детски градинки. Вкупната бројка на планот за вакцинација во втората фаза е проектиран на 220.000 лица.

Третата и најобемната фаза е предвидена за достапноста на вакцина од од 21 до 50 проценти од вкупната популација, во која ќе бидат вакцинирани вработените во производство на храна и на лекови, во јавен транспорт, комуналните претпријатија, вработените во телекомуникациите и електроснабдување, пошта, локална самоуправа, во банкарски сектор, земјоделие, транспорт, фабрички работници, преостанатите  вработени во образованието, лицата во студентските домови, затворите, здравствените лица со низок ризик за инфенција и здравата популација од 30 до 64 години.

За тоа што на последната спроведена анкета меѓу 13.690 медициснки персонал од болниците, дури 30% се изјасниле дека нема да прими вакцина, Филипче се надева дека процентот ќе се намали.

„Самата вакцина не значи дека нема дa се почитуваат натаму превентивните мерки. Значи во секој случај, понатаму мора да ги носат заштитните маски, ракавици, визири на работните места, што и сега е мерка на превенција“, нагласува Филипче.

И додека системот се подготвува  за вакцинацијата, се уште не се знае точниот датум кога ќе пристигнат првите вакцини во земјава. Преговорите за 200.000 кинески вакцини е во завршна фаза, а со „Фајзер“ е разговарано вчера за дополнителна документација која ја побарале, но увериле дека драфт договорот за испорака на 800.000 вакцини ќе стигне во текот на претстојната недела. Одговорот од Ковакс механизмот пак се уште се чека. Откако вчера тие не се одѕвале на договорениот состанок, Филипче се надева дека тоа ќе се случи денеска. Македонија од Ковакс механизмот очекува 833.000 дози вакцини.

Тамара Грнчароска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани соджини

48-часовен притвор за двајца од приведените во врска со убиството на лекарот Трпковски

Дејан Дејан

Јуриќ: Како да нема човек што е во близина, а да не е сомнителен во случајот со Данка

Дејан Дејан

Четврти ден од потрагата по двегодишната Данка Илиќ

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе