Ковид19 Најважни

1112 нови случаи корона вирус и 24 жртви – се зголемува бројот на помладите починати лица

Рекордни 44 проценти новозаразени со Ковид – вирусот кој за 24 часа зеде уште 24 човечки животи. Во денешните црни ковид статистики влегоа шестмина пациенти во петтата деценија од животот.

Починаа 40-годишник од Македонски брод, двајца на возраст од 41 година, една од жртвите има 45 години, една 47 и еден од пациентите битката за живот ја загубил на 48 години. 5 од починатите се од Битола, Скопје регистрираше 4 нови жртви, Припеп 3, по две нови жртви на Ковид има во Тетово и во Велес, а по еден починат има во Куманово, Штип, Охрид, Крива Паланка, Крушево, Кочани и во Виница.

Изминатото деноноќие пак Институтот за јавно здравје регистрира рекорден број новозаразени. Позитивни на вирусот се 1.112 пацинти, од 2553 тестирани. Скопје е прв на листата со 321 нов случај, Тетово има 79 новозаразени, Припел 77, Куманово 69, Битола 65, Гостивар има 60, Кочани, Струга и Велес по 44, Штип 38 нови случаи. Во моментот активни се 20 илјади 866 случаи, а бројот на жртви во државата стигна до 1.511.

Во продолжение соопштението од министерството за здравство:

Нови поразителни ковид-статистики во државата. 24 жртви на ковид за едно деноноќие и досега најголем процент новозаразени. Позитивни на вирусот се 44 отсто од тестираните.

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2553 тестирања, а регистрирани се 1112 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-321, Куманово-69,  Дебар-10, Штип-38, Прилеп-77, Тетово-79, Струга-44, Велес-44, Битола-65, Охрид-36, Кавадарци-26, Гостивар-60, Гевгелија-19, Струмица-35, Крива Паланка-7, Радовиш-6, Крушево-3, Кочани-44, Пробиштип-6, Демир Хисар-5, Македонски Брод-1, Пехчево-1, Берово-23,  Валандово-12, Виница-11, Делчево-13, Кратово-2, Свети Николе-5, Кичево-12, Ресен-16, Неготино-22.

Починати се 24 лица, четири пациенти од Скопје (76, 62, 67 и 70г), еден од Куманово (64г), еден од Штип (87г), тројца од Прилеп (69, 45 и 79г), двајца од Тетово (41 и 65г), двајца од Велес (81 и 61г), пет пациенти од Битола (70, 91, 48, 60 и 73г), еден од Охрид (89г), еден од Крива Паланка (47г), еден од Крушево (60г), еден од Кочани (41г), еден од Македонски Брод (40г) и еден пациент од Виница (66г). Сите пациенти се починати во болнички услови.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 709 оздравени пациенти од: Скопје-290, Куманово-30, Штип-31, Прилеп-62, Тетово-52, Струга-17, Велес-29, Битола-20, Охрид-57, Кавадарци-15, Гостивар-11, Гевгелија-6,  Струмица-14, Крива Паланка-5, Радовиш-6, Крушево-1, Кочани-18, Пробиштип-2, Демир Хисар-3, Македонски Брод-1, Пехчево-4, Берово-3, Валандово-3, Кратово-4, Свети Николе-2, Кичево-10, Ресен-5, Неготино-8.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 54743, бројката на оздравени пациенти е 32366, на починати е 1511, а бројот на активни случаи изнесува 20866.

Според досега завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:

  • Скопје 23935, активни 9883
  • Куманово 3427, активни 961
  • Дебар 431, активни 96
  • Штип 2419, активни 537
  • Прилеп 2598, активни 1010
  • Тетово 3526, активни 1004
  • Струга 1283, активни 419
  • Велес 1739, активни 784
  • Битола 1703, активни 849
  • Охрид 1398, активни 590
  • Кавадарци 1056, активни 452
  • Гостивар 2107, активни 759
  • Гевгелија 657, активни 231 (48 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 118 на Богданци и 12 се странски државјани)
  • Струмица 1550, активни 613
  • Крива Паланка 388, активни 127
  • Радовиш 387, активни 127
  • Крушево 110, активни 70
  • Кочани 1155, активни 333
  • Пробиштип 319, активни 77
  • Демир Хисар 173, активни 75
  • Македонски Брод 145, активни 33
  • Пехчево 95, активни 24
  • Берово 334, активни 101
  • Валандово 189, активни 73
  • Виница 344, активни 181
  • Делчево 393, активни 177 (105 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)
  • Кратово 144, активни 76
  • Свети Николе 741, активни 233
  • Кичево 1126, активни 517
  • Ресен 402, активни 165
  • Неготино 469, активни 289 (46 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

Направените 2553 теста се преку: ИЈЗ-1377, ЦЈЗ Скопје-46, Авицена-307, Биотек-224, МАНУ -166,  Жан Митрев (Филип Втори)-0, Систина со PCR метода -251, лабораторија Лаор –79, Судска медицина-0, ЦЈЗ Битола-60, Инфективна клиника-2, ГАК-0, Синлаб-24, Ремедика-0, лабораторија болница Козле-0, ЈЗУ (рапид тест) -17, УК Пулмологија со алергологија –0, лаборатории од странство-0. Досега во земјата се направени вкупно 312.143 тестирања на Ковид -19.

Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)

  • Чаир – 623
  • Гази Баба – 1472
  • Аеродром -1424
  • Карпош – 1192
  • Центар – 1188
  • Кисела Вода – 1205
  • Ѓорче Петров – 827
  • Бутел – 551
  • Шуто Оризари – 183
  • Студеничани – 52
  • Сарај – 152
  • Арачиново -34
  • Илинден – 245
  • Сопиште – 63
  • Чучер Сандево – 104
  • Петровец –125
  • Зелениково -73
  • Странец – 173
  • Нераспределен- 197
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Над 14.500 ученици го започнаа полагањето на државната матура – учениците бираат меѓу странски јазик, математика или историја

Дејан Дејан

Акцискиот план за малцинствата станува нова пречка од Бугарија за Македонија

Дејан Дејан

Ќе доцни социјалната помош, од министерството ги замолуваат граѓаните да се стрпат

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе