Во време кога неколку градови низ Македонија, како Крушево, Гостивар и Валандово, се соочуваат со сериозни проблеми во водоснабдувањето и небезбедна вода за пиење, состојбата во главниот град останува стабилна и под строга контрола. Емилија Аневска, раководител на Секторот за санитарна контрола во ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, во интервју за Телма детално ги објасни механизмите кои гарантираат дека водата што стигнува до скопските домови е со висок квалитет.
Аневска ги уверува скопјани дека лабораторијата, која е акредитирана веќе 15 години, континуирано стои зад резултатите и дека пиењето вода од градскиот водовод во Скопје е целосно безбедно.
Со Емилија Аневска разоговара Боби Христов
Б.С.
