Вести Македонија Најважни

Комуналното во Валандово цела недела молчело за забраната за пиење на водата од АХВ

Една седмица валандовското комунално претпријатие не ја известило јавноста за забраната за пиење на водата од водоснабдителниот систем.

Решението за забрана, велат од АХВ им го доставиле на 16.07.2026, но во јавноста излезе дури вчера, на официјалната веб страница на комуналното претпријатие, како и на неговата фејсбук страницата, од каде го презедоа останатите медиуми.

Првичната анализа на водата е направена од страна на Институтот за јавно здравје, на барање на комуналното претпријатие.

Примерок од водата е земен од чешмата во дворот на претпријатието на 11.06.2026, а резултатите излегле на 02.07.2026.

Тој резултат покажувал зоглемена концентрација на арсен во водата за 40 проценти, односно од максимални 10 микрограми на литар, во водата имало 14 микрограми. Овој резултат е доставен до Агенцијата за храна и ветеринарство.

  • „По добивањето на резултатот на 3 јули беше известена надлежната инспекциска служба, а на 16 јули беше извршен вонреден инспекциски надзор и донесено решение за забрана за употреба на водата за пиење. На јавното претпријатие му беше наложено да го ограничи испорачувањето на водата за пиење, да ги информира граѓаните и да преземе мерки за отстранување на причините за загадувањето“, вели д-р Мартин Јошески од Агенција за храна и ветеринарство.

И граѓаните на Валандово коментираат дека за проблемот дознале вчера од социјалните мрежи, или од други сограѓани.

  • Вчера чувме дека има такво нешто, чудо во водата. А тоа треба да се најде од кој е тоа поставено. До сега имало ли проблем, не. Од вчера беше тоа проблем. Некој купува некој оде на манастирот Свети Ѓоргија. Таа е ефикасна и лека вода за пиење. А ова што оди од пумпата, на комунално тука нешто чувме дека не била за пиење.
  • Еми така кажаа не била чиста водата, за два дена ќе се пуштила. Сега не пиете. Не пиеме си купуваме.
  • Никојпат не ја користиме се флаширана пиеме. Цевките не ги бива во Валандово. Во Пирава е чиста изворска вода, оваа не е убава, велат жителите на Валандово.

Во меѓувреме комуналното претпријатие побарало и втора вонредна анализа од Институтот за јавно здравје. Примероците се земени на 20 јули.  

Најновите резултати од Институтот за јавно здравје во Скопје, кои излегоа денеска покажуваат дека концентрацијата на арсен во водата е во рамките на дозволените граници, односно доста под максималната граница и изнесува 1,47 микрограми на литар.

Од Општина Валандово велат дека сериозно го сфаќаат прашањето за исправноста на водата за пиење и здравјето на граѓаните, па ќе продолжат со анализи.

  • „Ние како Општина Валандово и како комунално претпријатие ќе направиме уште вонредни анализи за да ја утврдиме целосно состојбата за квалитетот на водата за пиење и се надевам дека ќе ги добиеме денешните резултати и еве ќе ги повикам граѓаните да бидат спокојни нема место за паника. Валандово ја има истата вода скоро педесет години наназад“, вели Ѓоко Камчев, градоначалник на о. Валандово.

По новите резултати кои покажуваат дека концентрацијата на арсен е во дозволените граници, се очекува инспекторите на Агенцијата за храна и ветеринарство да ги укинат мерките донесени минатата недела. Од Општина Валандово најавуваат дополнителни контроли на водата и уверуваат дека квалитетот ќе остане под постојан надзор.

Сузана Мицева

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Цената на нафтата надмина 100 долари

Kristina Kuzmanovski

Европската централна банка ги одржува каматните стапки непроменети поради флуктуациите на цените на нафтата

Kristina Kuzmanovski

ВЛЕН: Дали случајот со водата во Гостивар излегува како случајот со канализацијата во Зајас?!

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе