Ковид19 Македонија Топ вести

Хронично болните да останат дома, зголемен јавен превоз и повеќе тријажни центри – предлагаат младите лекари

Кластери веќе не се водат, заразата тлее насекаде. Започнуваат најладните месеци во годината, а со нив и неминовниот нов бран на Ковид-19.

Здравствените власти секој ден кројат планови како да ги реорганизираат сите слободни болнички кревети и да додадат кревет плус во борбата со вирусот.

А, со предлози до нив како би им го олесниле креирањето нови мерки и нови политики во оваа кризна ситуација излегоа и специјализантите и младите лекари.

Станува збор за цел пакет предлози – а, во него е опфатено и функционирањето на здравствените установи, но и секојдневниот живот на граѓаните, како очајнички обид за системско спречување на налетот на заразата.

„Болните ќе ви кажат дека ништо не се прави доволно, а персоналот ќе ви каже дека е преморен и неверојатно исцрпен и дека не се прават доволно заштитни мерки за да се превенира оптоварувањето коешто тие го трпат“ изјави доктор Божидар Кочовски од Асоцијацијата на специјализанти и млади лекари.

А, во пакетот со мерки од специјализантите до министерот Филипче и Комисијата за заразни болести се бара воведување на тријажни центри во повеќе болници, а не само онаму каде што постојат во двете најголеми Ковид болници, ГОБ „Осми септември“ и Инфективната.

Пет тријажни центри на територијата на Скопје и соодветно географски распоредени се потребни за да се одговори соодветот на напливот од луѓе кои имаат потреба од лекарска нега.

Од Асоцијацијата има и ред други итни барања.

„Поради клучниот проблем со кислородот да се вклучат сите паметни луѓе во државата за да се овозможи централен довод на кислород до сите болнички кревети. Бараме тренинг за сите коишто одат да работат во Ковид-центар задолжително да бидат здравствено осигурани затоа што има доста случаи на медицински лица со Договор на дело“ вели доктор Кочовски од АСМЛ.

Без дополнителни ограничувања на движењето многу потешко ќе се спречи дополнителното и нагло ширење на вирусот тврдат младите лекари и сметаат дека е важно и да се овозможи да нема големо групирање секаде каде што е можно да се избегне истото, како на пример во јавниот превоз.

За тоа прашање велат дека пуштање повеќе возила во оптек е соодветното решение.

Петар Догов

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани соджини

Бојмацалиев: 508 кандидати за полициски службеници, ги подобруваме условите за обука со целосна реконструкција на Центар за обука во Идризово

Дејан Дејан

Руски воен репортер загина во Украина

Дејан Дејан

Лукаревска: Во следните четири години ќе ја зајакнеме домашната економија со јавни инвестиции од 3,5 милијарди евра

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе