Ковид19 Топ вести

Филипче апелираше до приватните лаборатории да ги намалат цените на тестовите

Министерот за здравство, Венко Филипче,  во вечерашната Топ Тема, упати апел до приватните лаборатории да ги намалат цените на тестовите за Ковид -19, потенцирајќи дека во ситуација на ваква здравствена криза, профитот не е најважен.

Тој додаде дека како државни здравствени власти,  немаат никакви можности да влијаат на приватните лаборатории, но сепак испрати апел до нив да ги намалат цените на тестовите.

Во однос на можноста за лекување на пациентите болни од Ковид -19, во приватните болници, Филипче вели дека за да се избегне опасноста од можноста кај нас да се случи италијанското сценарио, кога во државните болници може да нема место за сместување пациенти,  луѓето ќе може да бидат лекувани и во приватните болници на сметка на фондот за здравство.

“Ако се соочиме со тоа, нашите јавни здравствени установи да бидат преоптоварени и да нема место каде да се сместат пациентите, ќе ги сместиме и во приватните болници, за што нормално, фондот ќе плати” – изјави Филипче во Топ Тема.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Општините со милијарди денари ненаплатени даноци и такси

Sasko Dimovski

Парични казни за 12 лица, сите полнолетни – полицијата почна со санкции за тротинетџии

Sasko Dimovski

Агент што го познавал Епстин пронајден мртов во стан во Париз

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе