Ковид19 Македонија Топ вести

Модуларната болница се полни забрзано

Модуларната болница за болни од Ковид-19 се полни забрзано, покажуваат информациите од терен. Заменик-министерот за здравство најави дека, доколку и таму се пополни капацитетот, решението ќе се бара во другите болници.

Модуларната болница има капацитет од 70 кревети, а дел од нив веќе се пополнети. Лекарите повикуваат на почитување на мерките, за кои Хасани смета дека се адекватни на бројот на заразени. Дали ќе има нови, ќе зависи од ситуацијата.

За вечерашната седница на влада, не се најавени нови рестриктивни мерки. Старите се` уште чекаат да бидат изгласани од Собранието.

Далиборка Демјанска Цветановска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

СДСМ: Наместо одговорност за труењето на граѓаните, Клековски и ВМРО-ОКГ со напад на лекарите

Sasko Dimovski

Запленет накит на ГП „Табановце“, кривична против едно лице – македонски брачен пар од Белгија фатен во обид за шверц на злато

Sasko Dimovski

Шеесет и петгодишен работник од Куманово се здобил со тешки повреди по пад од зграда

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе