Ковид19 Свет Топ вести

Коронавирусот галопира во регионот

Коронавирусот галопира во регионот. Државата која има најмногу заболени на 100.000 жители во регинот е Црна Гора со 2.385, што истовремено ја прави и земја со најмногу заразени и во Европа. Во Црна Гора од утре во неколку општини се зтвораат угостителските објекти и се забранува на две недели семејни собири, а и учениците се префрлаат на он-лјн настав.

Словенија денеска регистрираше 726 позитивни што е 19 проценти од тестираните. Таму од утре до крајот на месецот од дома ќе учат учениците од шесто до деветто одделение и средните училишта, додека високообразовните институции со физичко присуство до крајот на ноември да изведуваат само лабораториски, клинички и компјутерски вежби.

Во Хрватска коронавирусот влезе на породилното одделение на Клиничката болница во Загреб каде има зарзени тројца лекари, но и две пациентки, поради што таму е прекинат приемот на пациенти. Во Хрватска денеска има нови 819 случаи од кои во Загреб се 286, по што универзитетскиот професор и научник Гордан Лауц ги предупреди загрепчани дека реалната бројка во заболени е 20 до 30 пати поголем и оти во најверојатно во главниот град на Хрватска има помеѓу 50.000 и 100.000 заразени.

Има се повеќе докази дека вирусот се шири аеросолно, а тогаше готово, не можете да го избегнете. Добрата страна на оваа ситуација е дека состојбата би можела да почне да се подобрува за некоја недела, а до тогаш сите мораме да бидеме максимално одговорни, и кон себе и кон другите, напиша Лауц на фејсбук.

Во Загреб поради се поголемиот број на заболени со коронавирус полицијата почна со растурање на уличните собирања на младите.

Босна пак е во третиот бран на коронавирусот предупреди директорката на Клиничкиот центар во Сараево, Себија Изетбеговиќ, според која тој е сега на почеток.

Но многу е лошо и ова што го имаме сега, а сите сме уморни. Никој не ни помага, сами го носиме товарот на пандемијата, изјави таа за Радио Сараево.

Според неа доколку се преполни Клиничкиот центар во Сараево здравствениот систем во Босна и Херцеговина ќе застане. Само денеска таму се регистрирани нови 556 заболени, а вкупно активни се повеќе од 4.300 лица во земјата, додека билнасот на починати се искачи на 984.

Во Србија за болни од коронавирус повторно од утре ќе се отвори белградската Арена, со капацитете од 510 болнички кревети, со по 30 лекари и медициснки сестри во една смена. Членот на кризниот штаб во Србија, епидемиологот Предраг Кон, предупреди дека доколку не се носат маски следната мерка ќе биде карантин.

Вирусот не чека. Овде мерките се носат веднаш. Јасно им порачувам на граѓаните и на власта, на сите, ако не функционираат маските, односно, ако не сака народот да ги користи, тогаш мора да се оди на затворање. Нема помеѓу, едноставно, нема помеѓу. Како тоа ќе се спроведува воопшто не ме интересира, изјави Кон.

Тој најави можност за вонредна состојба во Србија кон крајот на претстојната недела. Во Србоија од почетокот на Пандемијата до денеска има регистрирано речиси 36.000 позитивни на коронавирус и Србија во моментов наоѓа на 30 место во Европа по заболени на 100.000 жители.

Во Косово во моментов има повеќе од 1.400 активни случаи на коронавирус, а починати како последица од вирусот се повеќе од 650 лица. Албанија пак има регистрирано повеќе од 440 смртни случи, на 16.000 случаи. Во Грција пак има над 5.000 активни случи на коронавирус, од кои половината не знаат од каде се заразиле. Бугарија паk се приближува до 1.000 смртни случаи како последица на вирусот, каде активни на висурот се повеќе од 11.000 лица.

Тамара Грнчароска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани соджини

Марковиќ во „Вин-Вин“: Не верувам во концептот на независен кандидат, без поддршка од голема партија, нема шанси да освоите било што

Дејан Дејан

Наумовски во „Вин-Вин“: Претседателската кампања во сенка на лидерите на политичките партии

Дејан Дејан

Еден од најбараните американски бегалци Мојзес Теџада уапсен во Ватикан

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе