Родителите на ученици од четврто до деветто одделение во основното училиште „Кирил Методиј“ во Македонска Каменица од денеска почнаа со бојкот на наставата од дома пред компјутер. Бараат Комисијата за заразни болести и Министерството за обравание да дозволи настава со физичко присуство во училниците. Се собраа во училишниот двор барајќи да им се разгледа второто барање од Советот на родители. Сметаат дека епидемиолошката состојба во нивниот град, каде што има неколку случаи дозволува настава во училиштето.
Во училиштето денеска на настава беа 110 ученици од прво до трето, а останатите 340 ученици не се вклучија на платформата. Раководството на училиштето со став дека ги почитуваат одлуките на надлежните институции.
Бојкото на онлајн наставата во училиштето „Кирил и Методиј“ ќе трае се до додека родителите не добијат позитивно мислење за физичка настава во училишните клупи
Викторија Димитрова Јованова