Ковид19 Свет

Трамп против американските доктори за достапноста на вакцината против Ковид-19

Пронаѓањето на ефикасна и ефективна вакцина против корона вирусот, можеби е врвен глобален приоритет, но во Соединетите Aмерикански Држави, каде претседателските изборите се во ноември, ова прашање е и исклучиво жешка политичка тема.

Американскиот претседател, Доналд Трамп, синоќа порача дека граѓаните на Соединетите американски држави ќе може да се вакцинираат против Ковид-19, уште од наредниот месец, со што директно го негираше директорот на центарот за контрола на болестите и превенција, Д-р Роберт Редфилд, за кого оцени и дека веројатно бил збунет кога рекол дека е потребна подолга временска рамка за добивање ефикасна вакцина.

Не, мислам дека тој згреши кога го рече тоа. Тоа се неточни информации. Ја му се јавив и тој не ми го кажа мене тоа. Мислам дека тој можеби се збунил околу информациите. Можеби беше неточно пренесена. Ние сме подготвени веднаш да ја аплицираме вакцината штом ќе биде објавена во октомври, или можеби ќе биде објавена малку по октомври, рече трамп.

Здравствените работници и останатите групи со визок ризок, први ќе се вакцинираат против корона вирусот, можеби во јануари или подоцна во текот на наредната година, изјави Д-р Редфилд на сослушувањето во Конгресот, но според него, вакцината нема да биде достапна за пошироката јавност пред средината на наредната година.

Последниот пораст на бројот на позитивните случаи коронавирус во Европа, особено во Шпанија, Франција и Чешката република. предизвика загриженост и кај експертите во светската здравствена организација. Ова е сериозно предупредување за сите нас, оцени регионалниот директор на СЗО за Европа, Ханс Клуге.

Нашите напори, нашите жртви се исплатеа. Во јуни, случаите беа на најниско ниво досега. Но, бројот на случаите во септември, треба да бидат апел за будење за сите нас. Иако овие бројки се одраз на посеопфатно тестирање, тие исто покажуваат и алармантно ниво на трансмисија во целиот регион. Иако видовме зголемување на бројот на случаи кај повозрасните генерации 50 – 64 и 65 – 79 години во првата недела од септември, најголем дел од случаите се уште се меѓу 25 и 49 годишните луѓе.

На глобално ниво, досега се регистрирани повеќе од 30 милиони случаи Ковид-19 а бројот на жртви е се поблиску до 1 милион луѓе и во моментов изнесува 945 илјади.

Никола Илиевски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани соджини

Радев врачи трет мандат, „Има таков народ“ веднаш го вратија – Бугарија ќе оди на нови вонредни избори

Дејан Дејан

Полицијата ги проверува базните станици и телефоните на родителите на исчезнатото девојче во Србија

Дејан Дејан

Путин: Нема да го нападнеме НАТО, но ќе ги соборуваме ловците Ф-16 во Украина

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе