Ковид19 Топ вести

137 случаи од 1414 тестирања, едно починато лице – дневен биланс од пандемијата

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1414 тестирања, а регистрирани се 137 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-53, Куманово-19, Штип-8, Тетово-4, Струга-2, Велес-6, Битола-7, Гостивар-10, Гевгелија-2, Струмица-1, Крива Паланка-2, Пробиштип-2, Македонски Брод-3, Берово-2, Делчево-5, Свети Николе-6, Кичево-3, Неготино-2.

Во болнички услови почин 63 годишен пациент од Дебар.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 58 оздравени пациенти од: Скопје-22, Штип-1, Прилеп-1, Тетово-3, Струга-11, Битола-2, Охрид-9, Гостивар-5, Демир Хисар-3, Виница-1.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 13595,  бројката на оздравени пациенти е 10110, на починати е 564, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2921.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 4 пациенти.  Вкупно се хоспитализирани 70 пациенти. На кислородна поддршка се 31 пациент, нема на механичка вентилација.

Во ГОБ „8 Септември“ примени се 3 нови, вкупно хоспитализирани се 68 пациенти. На респираторна машина се 5 пациенти.

Во болницата во Козле се хоспитализирани 14 возрасни пациенти позитивни на ковид-19, 2 деца позитивни, една мајка и три деца суспектни на вирусот.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 13, а во болницата во Штип се хоспитализирани 37 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 114, позитивни и сомнителни на ковид-19.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Уставни измени и внесување на Бугарите – Радев со порака што треба да направат „браќата“ од Северна Македонија

Дејан Дејан

(видео)„Бог, секс и ЕУ овие три работи не можете да ги предвидите“, одговори Еди Рама на прашањето кога Албанија ќе се приклучи на ЕУ

Дејан Дејан

 Лекарската комора нема да му ја одземе лиценца на докторот кој ги објавуваше пациентките на Тик-Ток, зашто нив не им пречело

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе