Ковид19 Свет

Советникот за национална безбедност на Трамп позитивен на корона

Белата куќа потврди дека Роберт О’Брајан, советник за национална безбедност на американскиот претседател Доналд Трамп, е со позитивни резултати од тест за новиот коронавирус.

О’Брајан, кој има клучна улога во администрацијата, се изолира и работи од безбедно место, објасни Белата куќа. Не постои ризик претседателот или потпретседателот да се заразат со коронавирусот, појаснија од Белата куќа.

Претходно американски медиуми јавија дека советникот не оди на работа од минатата недела. Тој се заразил за време на семејна средба. Тој е изолиран во својот дом и работи главно преку телефон.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Зеленски предлага тет-а-тет средба со Путин за завршување на војната во Украина

Дејан Дејан

Ричард Гир: Мигрантите не се „штетници“, туку луѓе кои бегаат од страдање

Tea Dimkovska

Црна Гора ги врати „батинашите“ на Вучиќ од Тиват во Белград – Србија ги блокираше граничните премини со соседната држава

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе