Вести Македонија Топ вести

57 години од катастрофалниот земјотрес – Скопје се сеќава

Ѓоко Андонов имал десет години кога се случил катастрофалниот земјотрес во кој ги загубил своите родители и сестрата. Нивниот дом бил  кај зградата која е позната како Железничка во близина на Универзална сала. Го изгледале неговите чичковци. Судбината на Андонов ја делат над 30. 000 деца  на различна возраст кои беа евакуирани во многу градови низ цела поранешна Југославија и во внатрешноста на Македонија. Под разурнатите ѕидини беа затрупани цели фамилии.

  • Тој ден кога се случи сите бевме дома, јас бев само во друга соба. Се урна се и јас не знаев дали е ден или ноќ. Мене ме извадија другиот ден под урнатините, војник еден од Босна што служеше војска во Скопје и со вујко ми потоа  ме однесе во полска болница и потоа ме зема чичко ми и  однесе во Козле каде  преноќивме три дена во Скопје и потоа со воз за Гевгелија, вели Андонов. 

  • 19 години имав и го загубив татко ми. На Железничка станица беше тука помина. Тоа беше ужас. Татнеше и секој момент чекаш што дома ќе биде, сведочи Трајко Трајановски. 

Во катастрофалниот скопски земјотрес загинаа над 1000 луѓе, 3300 повредени, без покрив над главата беа 185.000 луѓе.

  • Оваа несреќа покажа и една димензија на хуманоста и големина на човечноста над 87 држави од светот, тогашните 6 социјалистички републики од Југославија во многу кус рок најпрво одговориле со давање хуманитарна помош кон граѓаните на Скопје меѓутоа потоа и го издигнуваат овој град од пепелта и Скопје како Феникс никнува и е симбол на една голема светска солидарност каква што веројатно се нема случено во историјата на современата цивилизација, изјави градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов. 

Според Шилегов, ширењето на градбите во Скопје нема влијане врз подземните тектонски поместувања кои се карактеристични за Скопската Котлина. Посочи дека објектите изградени по 1963 година, како што рече, „барем оние фундаменталните проекти и оние што Градот ги работи“, се должни да бидат сеизмолошки испитани и одобрени.

Во меѓувреме Скопје се соочи со нови урбанистички предизвици за кои граѓаните веруваат дека кои го променија изгледот на градот до непрепознавање.

Домашни и странски делегации положија цвеќе пред споменикот на заганатите од катастрофалниот земјотрев во Скопје  во 1963- та. „Во тешките денови кога се справуваме со пандемијата на #КОВИД19 да се потсетиме дека солидарноста и заедништвото ни се потребни за да ја надминеме секоја тешкотија со која како општество ќе се соочиме., напиша претседателот Стево Пендаровски на својот фејсбук профил. Во паркот на Младинскиот културен центар вечерва ќе се одржи мулимедијалниот настан „МКЦ за Скопје“.

 

Нина Стефанова

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Наместо бројки, партиите треба да презентираат политики за економски раст, сметаат економските експерти

Дејан Дејан

Велигденски креативи кои ќе ви помогнат да ја разубавите претстојната трпеза

Дејан Дејан

Екстрадиција на Палевски: Кои се процедурите за испорачување на бегалци

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе