Избори 2020 Македонија

СДСМ со 2 пратеници повеќе од ВМРО-ДПМНЕ – официјални резултати на ДИК

46 мандати за Коалицијата Можеме. Два мандати помалку за Коалицијата Обнова. Во блокот партии на албанците, ДУИ со 15 пратенички места, Алијансата со 12 а ДПА останува со еден пратеник. Левица станува парламентарна партија, освојувајќи два мандата.

Ова се резултатите што ДИК ги соопшти 22 и пол часа по затворањето на избирачките места.

Членовите на ДИК ги изгласаа едногласно по што си честитаа за сработеното. Се базираат на записниците од општинските комисии и се совпаѓаат со резултатите добиени по електронски пат. Пристигаа во ДИК во текот на ноќта и претпладнето.

Постапката се пролонгираше поради продолженото гласање од два часа, објаснуваат од ДИК и гарантираат за точноста.

До утре до 21 часот завршува рокот за поднесување приговори на текот на гласањето.

Од вечерва, стартува и 48-часовниот рок за приговори на резултатите. ДИК треба да одлучи во рок од 72 часа. Евентуалните жалби на одлуките на ДИК ќе ги решава Управниот суд.

Соња Николовска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Невремето ја оштети дистрибутивната мрежа, во дефект остануваат 300 трафостаници

Дејан Дејан

Уапсен е 62 годишник од струмичко – силувал малолетничка

Kristina Kuzmanovski

Клиничка болница-Штип со апел: Пациентите со скршеници да се транспортираат во другите болници

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе