Вести Свет

„Луфтханза“ им нуди на патниците брзи тестови за Ковид-19 за 139 евра

Германската авиокомпанија „Луфтханза“ на аеродромот во Франкфурт им нуди тест за Ковид-19, а резултатите се добиваат за неколку часа. Цената изнесува 139 евра за брз тест и дополнителни девет евра за поврзување на резултатите од тестот со податоците од пасошот на патникот.

„Луфтханза“ заедно со германската компанија „Центогене“ вчера на аеродромот во Франкфурт отвори испитен центар.

– Ваквата процедура на патниците ќе им даде можност да се тестираат на летовите во странство или за престојот во Германија и да можат да го избегнат карантинот, изјави директорот на „Луфтханза“, Бјерн Бекер.

Тој додаде дека за патниците од Германија во земјите како Обединети Арапски Емирати доволен ќе биде тест пред летот, додека кинеските власти би можеле да бараат и тест по слетувањето.

Спорите тестови за Ковид-19, чии резултатите се за шест до осум часа достапен е за 59 евра.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Раководителите на гостиварски „Комуналец“ однесени во Шутка

Sasko Dimovski

(Видео+фото) Откорнати лимови од покриви, скршени дрвја и гранки – апокалиптични сцени од невремето во Скопје

Sasko Dimovski

Трговската размена меѓу Македонија и Индија за пет години да биде половина милијарда долари – средба на претседателките Силјановска Давкова и Мурму во Скопје

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе