Американската вселенска агенција НАСА соопшти дека в сабота повторно ќе се обиде да ја лансира својата ракета кон Месечината.
Станува збор за мисијата „Артемис 1“, која требаше да почне во понеделникот, но лансирањето беше откажано поради технички проблеми. Проблемот настана откако инженерите забележаа протекување на гориво на еден од петте мотори ни и погрешно отчитување на сензорот за температура.
Станува збор за пробен лет на најмоќната ракета во историјата на НАСА која на својот врв носи капсула за човечки екипаж.
Ова е пробен лет кој ќе ја обиколи месечината и треба да се врати назад. Летот со човечки екипаж е планиран за две години и доколку плановите се реализираат тоа ќе биде повторно зачекорување на месечината од страна на човекот по 50 години.
