Директорот на Комуналец – Прилеп, Рубинчо Абашоски реагираше на прес конференцијата на СДСМ во Прилеп. Според него Политичката партија денеска изнела низа невистини и обвинувања во врска со работењето на компанијата.
– Денеска се искажани невистини по однос на моето работење, односно толерирање кон управителот на Терминал ДООЕЛ , Мартин Ачкоски. Истиот е разрешен од управител на 31.08. 2022 година, на седница на Управниот oдбор. Не се точни тврдењата дека јас како директор на ,, Комуналец’’ , сум дозволил работа од далечина, односно веднаш од кога дознавме за моменталното работење и функционирање на Терминалот, го повикав претсдателот на Управниот одбор да свика седница, со точка на дневен ред: Разрешување на управителот на Терминал- Комуналец ДООЕЛ Прилеп, вели Абашоски.
Тој додава дека како дитектор на ,,Комуналец’’, нема ингеренции да се меша во финасиско – техничката работа на доелот, но има обврска како прв човек на ,, Комуналец’’ , да го заштити имотот на претпријатието.
Абашоски истакна и дека на седницата на која била поставена точката на дневен ред за разрешување на управителот Мартин Ачковски, членот на Управниот одбор близок до СДСМ, гласал воздржано, а сега како што додава партијата го обвинува него и градоначалникот Јовчески за неодговорност.
