Вести Македонија

Директор на ЈП во Македонија зел неплатен одмор за да работи во Хрватска, вработените останале без плата

Управителот на „Терминал – Комуналец“,Мартин Ачкоски,  заминал во Хрватска да работи како келнер, а вработените во претпријатието три месеци останале без плата, обвинија денеска од СДСМ Прилеп од каде додаваат дека сметката на претпријатието останала блокирана поради неплатен ДДВ.

Од партијата додаваат дека во пишан документ кој анонимно бил доставен до СДСМ Прилеп, Ачкоски нагласил дека факсимилот можат да го користат единствено и само со негова претходна согласност дадена преку социјални мрежи, СМС, вибер, ватс-ап, месинџер или мејл.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Видео ) Ги криел под седиште пурите вредни четири илјади евра, царина му ги заплени

Kristina Kuzmanovski

КОД: Цената на следењето и прислушувањето, вредноста на посебните истражни мерки

Дејан Дејан

Исмаил: Зошто Божиновска го крие Меморандумот со кој се фалеше од Вашингтон?

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе