Вести Свет

Приврзаници на ал Садр упаднаа во владината палата во Багдад

Приврзаници на влијателниот ирачки шиитски верски водач, политичар и паравоен лидер Моктада ал Садр упаднаа во владината палата во Багдад, во која се наоѓа и кабинетот на премиерот, јавија западни медиуми цитирајќи очевидци.

Очевидци тврдат дека демонстрантите, поддржувачи на Ал Садр, прво ги отстраниле бетонските бариери за да овозможат што повеќе луѓе да влезат во Зелената зона и покрај силното присуство на безбедносните сили.

Некои од нив носеа фотографии од Ал Садр, додека други скандираа „Народот сака да го собори режимот“.

Ирачката армија прогласи полициски час во целата област на Багдад, што стапи во сила во 15 часот и 30 минути по локално време, но тоа не ги одврати поддржувачите на Ал Садр од нивните планови.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВМРО – ДПМНЕ: Лагите на СДС се на нивна штета и нема да ја сокријат одговорноста на кадрите на СДС, ДУИ и Таравари во Гостивар

Дејан Дејан

Левица: Парното поскапе двапати за осум месеци, а Мицкоски пљачката ја прекрсти во „најниска цена во регионот“

Дејан Дејан

Макрон: Условите во Жиронд се „многу тешки“ – се соочуваме со настани што никогаш порано не сме ги доживеале

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе