Вести Свет

НАСА го одложи лансирањето на „Артемис 1„

Протекување на гориво ја принуди НАСА да го одложи лансирањето нова ракета на Месечината, на тест лет без екипаж. Лансирањето нема да се случи пред 2 септември. Ракетата долга 98 метри, требаше да полета рано утринава со три тест кукли на својот прв лет, на мисија за поставување капсула во орбитата на Месечината.

Ова треба да биде голем чекор во обидите на САД да ги врати космонаутите на Месечината за првпат од крајот на програмата Аполо пред 50 години.

НАСА се надева дека ќе испрати четворица космонаути околу Месечината во 2024 и оти луѓе ќе слетаат таму во 2025 година.

Програмата Артемис е план на НАСА за враќање на космонаутите на Месечината како отскочна штица за евентуално патување на Марс.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВМРО – ДПМНЕ: Лагите на СДС се на нивна штета и нема да ја сокријат одговорноста на кадрите на СДС, ДУИ и Таравари во Гостивар

Дејан Дејан

Левица: Парното поскапе двапати за осум месеци, а Мицкоски пљачката ја прекрсти во „најниска цена во регионот“

Дејан Дејан

Макрон: Условите во Жиронд се „многу тешки“ – се соочуваме со настани што никогаш порано не сме ги доживеале

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе