Вести Свет

Гроси: Тим експерти на МААЕ се упати кон окупираната нуклеарка Запорожје

Тим експерти на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) се упати кон окупираната нуклеарка Запорожје, што се наоѓа во јужниот дел на Украина, изјави генералниот директор Рафаел Гроси, јави ДПА.

„Дојде денот, мисија за поддршка и помош на Запорожје, од страна на МААЕ, сега е во тек“, напиша тој на Твитер.

Како што пишува Гроси, мора да се заштити „безбедноста и сигурноста на најголемата нуклеарна централа во Украина, но и во Европа“.

„Горд сум што ќе ја водам оваа мисија што ќе биде во #ЗНПП (нуклеарната централа Запорожје) подоцна неделава“, додава генералниот директор на МААЕ.

Според агенцијата, експертите на МААЕ ќе ја проценат физичката штета на нуклеарката, ќе ја утврдат функционалноста на безбедносните системи, ќе дадат оценка за условите на персоналот и ќе извршат итни безбедносни проверки.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Макрон: Условите во Жиронд се „многу тешки“ – се соочуваме со настани што никогаш порано не сме ги доживеале

Дејан Дејан

Трамп гледа голема шанса нешто да се случи во разговорите со Иран, но Техеран тврди дека пораките сè уште се разменуваат преку посредници

Дејан Дејан

СДСМ: Сега Мицкоски бара експерти за вода – Во нормална држава тие би биле прашани од првиот ден

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе