60-годишен македонски државјанин, возач на камион утрово е уапсен во Бургас во Бугарија поради шверц на мигранти.
Товарниот камион бил сопрен околу 06:45 часот. Превезувал мажи со авганистанско потекло. Утврдено е дека истите биле натоварени во областа Дебелт, а камионот поминувал низ Бургас каде бил сопрен од полициска контрола.
Од полицијата известија дека во камионот на македонскиот државјанин имало 88 мигранти.
Бугарија се почесто се користи како транзит земја на балканската рута на нелегалната миграција.
Контролите во областите блиску до Турција како и во приморските градови се засилија по инцидентот изминатата недела кога 2-ца бугарски полицајци загинаа во обид да сопрат автобус со илегални мигранти.
