Камион на шпанска транспортна компанија влета во луѓе кои се забавувале на уличен собир во гратче на 50-тина километри од Ротердам, објавија холандските медиуми.
Според првичните информациии, тројца луѓе загина, а има и повеќе повредени.
Се испитува причината за излетувањето на камионот, дали станува збор за несреќа, инцидент или намера на возачот да предизвика невини жртви на забавата.
На лице место се уште трае увидот, извртениот камион е во дол до патот, а предмети од забвата се растурени околу местото на смртоносниот инцидент.
