Вести Свет Топ вести

Вучиќ за ситуацијата на Косово: Што и да се случи, бегалски колони нема да има

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, кој ѝ се обрати на јавноста по повод неуспешните разговори меѓу Белград и Приштина одржани во четвртокот во Брисел, рече дека клучната порака до Србите на Косово е дека, без разлика на сè што може да се случи, бегалски колони нема да има.

Зборувајќи за преговорите во Брисел, тој изјави дека „Албанците сами решиле да спроведат еднострани акции“ и дека Приштина има две цели – укинување на српската држава во Косово и протерување на Србите.

Српскиот претседател тврди дека што и да прифати Србите, косовската страна го отфрла.

Според најавите, официјална Приштина, за десет дена, ќе ги спроведе одлуките за пререгистрација на возилата и личните карти од кои првично се откажа на крајот на јули, по протестите на косовските Срби.

Мисијата КФОР реагираше на зголемените тензии. Од таму соопштија дека долж административните премини Јариње и Брњак го зголемуваат своето присуство и патролирање. Подготвени се, како што додаваат, да интервенираат доколку има потреба.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Пожарите се приближуваат до Бордо, евакуирани стотици илјади луѓе

Kristina Kuzmanovski

Забрана за пиење вода во Булачани, СДСМ бара итни анализи

Kristina Kuzmanovski

Ребаланс на буџетот: Дефицит над 750 милиони евра

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе