Вести Свет Топ вести

Столтенберг: Србија и Косово да се воздржат од насилства и проблемот да го решат низ дијалог

Мировните сили на Алијансата се подготвени да интервенираат доколку се зголемат тензиите меѓу Косово и Србија. НАТО внимателно да ја следи ситуацијата на терен порача шефот на Алијансата Јенс Столтемберг во пресрет на новата рунда разговори меѓу двете земји. Тој денеска во Брисел имаше одвоени средби со српскиот Претседател Александар Вучиќ и со косовскиот Премиер Албин Курти.

– Иако ситуацијата на терен се подобрува, одговорност на сите страни е, особено на претставниците на Белград и Приштина, да спречат повторна ескалација, рече Столтенберг на заедничката прес-конференција со српскиот претседател Александар Вучиќ во Брисел.

За косовскиот Премиер Албин Курти институциите и граѓаните на Косово имаат причина да бидат претпазливи поради како што рече, „деструктивниот пристап на северниот сосед“ кон „регионот воопшто“, и обвини дека политиките на северниот сосед се дел од „рускиот план штетен за Европа и Балканот“. Од Столтенберг побара што поскоро членство во алијансата.

– На едната страна имате демократска држава Косово. Имаме професионална полиција на нашата република. А од друга страна, од друга страна, имате диви структури на Србија кои се претворени во криминални банди кои подигнаа барикади. Девет од 13 од нив биле подигнати во рок од 10 минути. И во оваа смисла, може да се каже дека има две страни, но никогаш не треба да го изгубиме моралниот центар, порача Курти.

Српскиот претседател пак по средбата со Столтенберг рече дека очекува „тешки“ разговори со косовскиот премиер Албин Куртин, затоа што двајцата „не се согласуваат речиси за ништо“.

Утре ќе имаме тешки дискусии. Речиси за ништо не се согласуваме. Но, она што е важно за Србија ќе се држи до меѓународното јавно право, резолуцијата на ООН, Повелбата на ООН, бриселскиот договор и сè што беше потпишано, рече Вучиќ.

Косово и Србија го почнаа дијалогот со посредство на ЕУ во 2011 година, со цел да се постигне сеопфатен и правно обврзувачки договор за нормализација на односите. КФОР во моментов на Косово има околу 3.700 војници за да ја следи ситуацијата.

Александар Петрески

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Пожарите се приближуваат до Бордо, евакуирани стотици илјади луѓе

Kristina Kuzmanovski

Забрана за пиење вода во Булачани, СДСМ бара итни анализи

Kristina Kuzmanovski

Ребаланс на буџетот: Дефицит над 750 милиони евра

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе