Вести Свет Топ вести

Американска делегација на Тајван, Кина одржа нови вежби

Тензиите околу Тајван повторно се зголемија откако Кина денеска одржа нови воени вежби околу островската земја во време кога Тајпеј го посети нова американска делегација составена од пет американски пратеници предводени од демократскиот сенатор Ед Марки од Масачусетс. Источната команда на Народноослободителната војска на Кина соопшти дека вежбите се „остро средство на одвраќање за Америка и Тајван кои продолжуваат да играат политички игри и го поткопуваат мирот и стабилноста во Тајванскиот теснец“.

Според најавите ппосетата на високата американска делегација предвудува средби со високи претставници на Тајпеј на кои би се разговарало за  меѓусебните односи, регионалната безбедност, трговијата, инвестициите и други прашања.

Патувам во Тајван со двопартиска конгресна делегација за да ја потврдам американската поддршка за Тајван и да поттикнам стабилност и мир преку Тајванскиот теснец, напиша на „Твитер“ Ед Марки.

Нивната посета во овој момент е од големо значење, бидејќи кинеските воени вежби се со намера да ги одврати американските конгресмени да го посетат Тајван. Нивната посета, исто така, докажува дека Кина не може да ги спречи политичарите од која било земја да го посетат Тајван, а исто така пренесува важна порака дека американскиот народ стои со тајванскиот народ, изјави Ло Чих – Ченг, пратеник на Демократската напредна партија на Тајван .

Пред две недели, токму посетата на Ненси Пелоси, претседателката на Претставничкиот дом на американскиот Конгрес, предизвика големо незадоволство во Пекинг по што земјата отпочна со големи воени вежби, а сопред пишувањата на кинеските медиуми Америка со повторување на провокациите не дозволува тензиите околу двете земји да се смират.

Тајван се отцепи од Кина по завршувањето на граѓанската војна и комунистичката револуција во 1949 година и поразот на националистичката партија Куоминтанг, која се засолни на островот, но Кина сè уште го смета за дел од својата територија. Пред три години кинескиот претседател Си Џинпинг изјави дека Тајван природно и припаѓа на Кина и дека тој е дел од кинескиот сон за „Една Кина“.

Александар Петрески

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Пожарите се приближуваат до Бордо, евакуирани стотици илјади луѓе

Kristina Kuzmanovski

Забрана за пиење вода во Булачани, СДСМ бара итни анализи

Kristina Kuzmanovski

Ребаланс на буџетот: Дефицит над 750 милиони евра

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе