Еден од повредените во вчерашниот масакр во Цетиње се наоѓа во животна опасност, додека уште тројца пациенти се на интензивна нега, соопштија црногорските власти. Директорот на Клиничкиот центар во Подгорица, каде беа сместени најтешко повредените, изјави дека двајца пациенти, маж и жена, се во стабилна состојба. Во масакрот беа убиени 11 лица, меѓи кои и две малолетни деца, и напаѓачот кој ги изврши убиствата, а беа повредени уште шест лица.
Тоа почна да се случува околу 16 часот, кога почнаа да ни пристигнуваат првите пациенти. За жал, меѓу нив имаше две лица, едно машко и едно женско, кај кои по приемот им беше констатирана смрт. Згрижени се три пациенти, и по згрижувањето беа транспортирани во Клиничкиот центар Црна Гора, изјави Иван Ивановиќ, директор на болницата „Ивано Први“ во Цетиње.
Според официјалните информации од црногорската полиција, напаѓачот, 34 годишниот Вук Бориловиќ, отишол кај своите подстанари во населбата Медовина во Цетиње, и со ловечка пушка прво застрелал 11 годишно дете, па неговиот три години помлад брат, а во нивната мајка пукал преку прозорецот. Откако ги убил му се јавил на нивниот татко и сопруг да му каже дека го убил неговото семејството и своето.
Тој во таа прилика, користејќи огнено оружје ловечка пушка лишил од живот две деца, на возраст од 8 и 11 години, а ја повредил нивната мајка, која во медицинската установа им подлегна на повредите. Потоа излегол и пукал од истото огнено оружје на жителите од оваа населба, поради што лишил од живот уште 7 лица, а повредил 6, изјави Зоран Брдјанин, Директор на полициската управа на Црна Гора.
Во наредните 45 минути, во радиус од помалку од 100 метри од куќата, Бориловиќ неселективно пукал во соседи, случајни минувачи, полицајата која одговорила на повикот, но и во екипите на Брзата помош.
Откако полицијата го опколила, бил застрелан од сосед, кој првично се обидел да го убеди да ѝ се предаде на полицијата.
Мотивот за ова грозоморно масовно убиство засега е нејасен. Според црногорските медиуми на убиствата им претходела семејна расправија, а дел од нив шпекулираат дека причината била прељуба. Убиецот Бориловиќ, кој безмилосно згасна два недолжни малолетни животи, и самиот бил татко на три деца.
Игор Трајков
