Московскиот суд ја разгледуваше можноста на руската новинарка Марина Овсијаникова да и изрече мерка на претходна постапка. Таа беше приведена во средата и обвинета за ширење лажни информации за руските вооружени сили.
Овсијаникова е приведена поради тоа што пред еден месец на уличен протест држеше транспарент на кој пишуваше „Путин е убиец, неговите војници се фашисти. 352 деца се убиени. Уште колку деца треба да умрат за да престанеш?”
Доколку биде судена и осудена, на Овсијаникова и се заканува затворска казна до 10 години според новиот закон со кој се казнуваат изјавите против војската и кој беше донесен набргу по преселувањето на руските трупи во Украина, рече нејзиниот адвокат Дмитриј Захватов во објава на Телеграм.
Домот на Овсијаникова беше претресен во средата и таа беше одведена на сослушување.
Захватов информира дека поранешниот продуцент на Канал 1, ќе ја помине ноќта во затворска ќелија во седиштето на полицијата во Москва.
Овсијаникова осамна на сите светски насловни страни на 14 март, кога се појави зад водителот на вечерниот пренос на вести држејќи транспарент на кој пишуваше: „Стоп за војната, не верувајте во пропагандата, тие ве лажат овде“.
Тогаш беше обвинета за омаловажување на руската војска и казнета со парична казна од 30.000 рубли.
