Вести Свет

Овсијаникова изведена пред судот во Москва, и се заканува казна до 10 години затвор

Московскиот суд ја разгледуваше можноста на руската новинарка Марина Овсијаникова да и изрече мерка на претходна постапка. Таа беше приведена во средата и обвинета за ширење лажни информации за руските вооружени сили.

Овсијаникова е приведена поради тоа што пред еден месец на уличен протест држеше транспарент на кој пишуваше „Путин е убиец, неговите војници се фашисти. 352 деца се убиени.  Уште колку деца треба да умрат за да престанеш?”

Доколку биде судена и осудена, на Овсијаникова и се заканува затворска казна до 10 години според новиот закон со кој се казнуваат изјавите против војската и кој беше донесен набргу по преселувањето на руските трупи во Украина, рече нејзиниот адвокат Дмитриј Захватов во објава на Телеграм.

Домот на Овсијаникова беше претресен во средата и таа беше одведена на сослушување.

Захватов информира дека поранешниот продуцент на Канал 1, ќе ја помине ноќта во затворска ќелија во седиштето на полицијата во Москва.

Овсијаникова осамна на сите светски насловни страни на 14 март, кога се појави зад водителот на вечерниот пренос на вести држејќи транспарент на кој пишуваше: „Стоп за војната, не верувајте во пропагандата, тие ве лажат овде“.

Тогаш беше обвинета за омаловажување на руската војска и казнета со парична казна од 30.000 рубли.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Гостиварски „Комуналец“ ја префрла вината на ЈПДП за нереализираниот проект за водоводот – проблем биле 16.000 денари

Sasko Dimovski

Кривични за семејно насилство – еден син ја влечел мајка му со кола, а друг со тупаници барал пари од својата мајка – обвинителството бара мерки за претпазливост

Дејан Дејан

Стомачните тегоби не стивнуваат, но епидемилошката состојба полека се смирува, велат епидемиолозите

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе