Вести Свет Топ вести

Од денеска стапува на сила забраната на ЕУ за увоз на руски јаглен

Од денеска стапува на сила целосната забрана за купување руски јаглен. Мерката беше одобрена како дел од четвртиот пакет санкции усвоени во април против Русија поради војната во Украина.

Друга забрана за увоз од Русија треба да се имплементира подоцна оваа година – делумно ембарго на нафта.

Испораките од Русија ќе бидат заменети со оние од Северна Америка, Јужна Африка, Колумбија, Австралија и Казахстан. Станува збор за значителни количини, бидејќи 70 отсто од увезениот јаглен во Европа доаѓа од санкционираната земја.

Ембаргото влијае на 22,6 отсто од целиот руски извоз на јаглен за 2021 година (8 милијарди евра годишно). Русија пренасочи дел од протокот – со значителен попуст од 30-50 отсто – кон Индија и Турција. Извозот во Индија, на пример, се зголеми за 25 отсто во мај 2022 година во споредба со истиот месец во 2021 година.

Во неколку месеци помеѓу гласањето за ембаргото и неговото стапување во сила, забележан е пораст на увозот во земји како Холандија, Германија, Италија, Шпанија и Белгија. Исто така од денеска истата забрана стапува на сила и во Велика Британија.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Сончево и топло со мала до умерена облачност, попладне изолирана нестабилност – Временска прогноза за 7.5.2024

Дејан Дејан

Парламентарни избори 2024 – изборна хроника 05.05.2024

Дејан Дејан

Им дал 25.000 евра, но наместо торба полна со денари, му дале торба со ливчиња – скопјанец наседнал на измама од двајца странски државјани

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе