Вести Свет

(ВИДЕО) ОН предупредуваат на ризик од нуклеарна катастрофа во Запорожје

Украина повика на нови меѓународни санкции кон Москва откако претходно ја обвини Русија дека извршила нов ракетен напад врз најголемата нуклеарна централа во Запорожје при што биле оштетени три сензори за мерење на радијација, а бил погоден и објект во кој биле складирани 174 контејнери со искористено нуклеарно гориво.

Фабриката, под контрола на Русија, се најде под оган и во петокот кога беше погоден високонапонски далновод во комплексот но, тогаш Москва прстот го впери кон украинските сили.

Од Меѓународната мисија за атомска енергија на ОН велат дека во моментов не е регистрирано радиоактивно протекување, но предупредуваат од можен ризик за нуклеарна катастрофа, и ги повикаа двете страни да покажат најголема воздржаност.

Нуклеарната централа  во Запорожје беше заземена од руските сили на почетокот од војната, но таа сè уште е управувана од украински техничари.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Пожарите се приближуваат до Бордо, евакуирани стотици илјади луѓе

Kristina Kuzmanovski

Забрана за пиење вода во Булачани, СДСМ бара итни анализи

Kristina Kuzmanovski

Ребаланс на буџетот: Дефицит над 750 милиони евра

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе