Украина повика на нови меѓународни санкции кон Москва откако претходно ја обвини Русија дека извршила нов ракетен напад врз најголемата нуклеарна централа во Запорожје при што биле оштетени три сензори за мерење на радијација, а бил погоден и објект во кој биле складирани 174 контејнери со искористено нуклеарно гориво.
Фабриката, под контрола на Русија, се најде под оган и во петокот кога беше погоден високонапонски далновод во комплексот но, тогаш Москва прстот го впери кон украинските сили.
Од Меѓународната мисија за атомска енергија на ОН велат дека во моментов не е регистрирано радиоактивно протекување, но предупредуваат од можен ризик за нуклеарна катастрофа, и ги повикаа двете страни да покажат најголема воздржаност.
Нуклеарната централа во Запорожје беше заземена од руските сили на почетокот од војната, но таа сè уште е управувана од украински техничари.
