Тајванското Министерство за транспорт соопшти дека летовите низ воздушниот простор на островот постепено се обновуваат бидејќи повеќето известувања за кинеските воени вежби „веќе не се во сила“.
Меѓутоа, министерството соопшти дека Тајван ќе продолжи да ги пренасочува директните летови и бродовите до понеделник наутро по локално време.
Кина изутринава ги продолжи контроверзните воени вежби во близина на Тајван, во последниот ден од маневрите што значително ги зголемија тензиите во регионот.
Раководство во Пекинг ги започна маневрите како одговор на посетата на претседателката на Претставничкиот дом на САД, Ненси Пелоси на Тајпеј претходно оваа недела.
Вежбите го претставуваат најголемиот приказ на воена сила на Кина откако ракетните вежби спроведени во средината на 1990-тите ги наведоа САД да испратат два носачи на авиони во Тајванскиот теснец.
САД го обвинија Пекинг за „провокативни“ и „неодговорни“ дејствија по тврдењето на Тајван дека кинеските воени вежби симулираат напад на островот.
