Украинската војска јавува дека започнала контра офанзива во Херсонската област, на југот од Украина, кој во најголем дел го контролираат руските сили. Украинските сили го гранатираа градот Нова Каховка во регионот Херсон, при што загинале седум лица, над 60 се повредени, јавуваат руските воени сили. Под урнатините од зградите има многу луѓе кои останале заглавени во становите и куќите, а повредените се носат во болница. Нападот предизвикал силна експлозија на магацин за ѓубрива. Градот е дом на клучна хидроелектрична брана и врска за водоснабдувањето на Кримската област.
Нападот следува откако украинскиот претседател Зеленски издаде наредба да се направат планови за контра-офанзива на југот од земјата, според кои ќе се испратат милиони војници вооружени со западно оружје.
Во меѓувреме, расте бројот на загинатите откако руските воени сили пред три дена фрлија граната врз висококатница во Доњецката област на истокот од Украина. Бројот на загинати се искачи на 34, а меѓу нив е и едно дете. Спасувачката акција за извлекување повредени од под урнатините се уште трае.
Американските разузнавачки служби јавуваат дека Иран ја снабдува Русија со дронови кои можат да носат оружје.
