Вести Свет Топ вести

Демонстранти упаднаа во резиденцијата на претседателот на Шри Ланка

Илјадници демонстранти денеска упаднаа во резиденцијата на претседателот на Шри Ланка, Готабаја Раџапакса.

Раџапакса ја напуштил резиденцијата неколку минути пред упадот на демонстрантите и армијата го одвела на непозната локација.

Демонстрантите кои со недели протестираат бараат оставка од Раџапакса поради економската криза.

Шри Ланка се наоѓа во најлошата економска криза уште од прогласувањето на независност во 1948 година. Земјата се соочува со основни потреби – храна, гориво, лекови, гас тоалетна хартија, кибрити и друго.

Претседателот Раџапакса не успеа да ја реши најлошата економска криза ни со обезбедување финансиска поддршка од Кина и од Индија. Тој изјави дека побарал помош и од Русија за надминување на економската криза.

Минатиот месец во Шри Ланка беше забранета продажба на гориво во период од две седмици. Од владината одлука исклучени беа службите за јавен превоз, возови, како и возила што се користат во итни служби и за достава на храна.

Паралелно, Владата донесе одлука во тој период да се затворат училиштата во урбаните подрачја, а граѓаните беа советувани да работат од дома.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ЦУК: Сува трева и грмушки горат кај Пробиштип, Куманово и Петровец

Дејан Дејан

Песков: Не е можно замрзнување на конфликтот во Украина

Дејан Дејан

Притвор од 72 часа за македонската државјанка која прегази куче во Црна Гора

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе