Вести Свет

Русија подготвена на преговори со Киев и Анкара за украинското жито

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров пред медиумите изјави дека Русија е подготвена за преговори со Украина и Турција во врска со украинското жито.

„Ние сме подготвени за преговори со нашите украински и турски колеги“, рече тој без притоа да појасни каде би се одржале преговорите.

Лавров  додаде дека западните земји продолжуваат со обидите да ги блокираат испораките руско жито на земјите со кои веќе е договорен извоз.

„Потребно е само Западот да престане вештачки да го блокира спроведувањето на нашите испораки до земјите што имаат потпишано договор за нашето жито“, додаде шефот на руската дипломатија.

Лавров уште истакна дека доколку Западот не сака преговори туку победа на Украина на бојното поле, тогаш веројатно Русија нема за што да разговара.

„Со таков пристап не и се дозволува на Украина да тргне во мировен процес“, рече Лавров.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ЦУК: Сува трева и грмушки горат кај Пробиштип, Куманово и Петровец

Дејан Дејан

Песков: Не е можно замрзнување на конфликтот во Украина

Дејан Дејан

Притвор од 72 часа за македонската државјанка која прегази куче во Црна Гора

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе