Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров пред медиумите изјави дека Русија е подготвена за преговори со Украина и Турција во врска со украинското жито.
„Ние сме подготвени за преговори со нашите украински и турски колеги“, рече тој без притоа да појасни каде би се одржале преговорите.
Лавров додаде дека западните земји продолжуваат со обидите да ги блокираат испораките руско жито на земјите со кои веќе е договорен извоз.
„Потребно е само Западот да престане вештачки да го блокира спроведувањето на нашите испораки до земјите што имаат потпишано договор за нашето жито“, додаде шефот на руската дипломатија.
Лавров уште истакна дека доколку Западот не сака преговори туку победа на Украина на бојното поле, тогаш веројатно Русија нема за што да разговара.
„Со таков пристап не и се дозволува на Украина да тргне во мировен процес“, рече Лавров.
