Вести Македонија Топ вести

Каевски, СДСМ за инцидентот кај Мавровка: Мицкоски не е жртва туку режисер на крваво сценарио

-Mицкоски не е никаква жртва, туку е режисер на крваво сценарио заедно со неговите коалициски партнери Левица и Алијанса за Албанците. Крваво сценарио кое не успеа. Мицкоски не беше мета, туку вечерва ја одигра најлошата улога за државата и граѓаните. Срамно, страшно и опасно е однесувањето на опозицијата која настојува да предизвика меѓуетнички тензии, рече портпаролот на СДСМ Дарко Каевски во врска со вечерашниот инцидент на плоштадот „Скендербег” кога кон демонстрантите едно лице впери пиштол.

Каевски потоа покажа фотографија од лицето Цуфи Кока, кој требало, како што рече, да глуми напаѓач.

Кока е уапсен, рече Каевски и додаде дека негов брат е функционер од коалицискиот партнер на Мицкоски – Алијанса за Албанците, инаку Зуди Енузи Кока, директор на градското комунално претпријатие и претседател на чаирскиот огранок на партијата, но нагласи, и главен во кампањата на Данела Арсовска на изборите за градоначалник на Скопје.

Потоа портпаролот покажа фотографија од Зијадин Села, лидер на Алијанса за Албанците, па потоа и на Арсовска, па кажа дека градоначалничката на Скопје Данела Арсовска е на секоја втора фотографија.

-Сѐ е лажно во ВМРО-ДПМНЕ, дури и крвавото сценарио кое не им успеа. Нивната стратегија е креирање на конфликт и внесување страв кај граѓаните. Спремни се да жртвуваат луѓе и да ја запалат државата. Нема тоа да го дозволиме. Не се во прашање меѓуетнички тензии, туку крваво сценарио на кое граѓаните никако не смеат да подлегнат. Нема да дозволиме црни сценарија, кои секако ќе бидат поразени, рече Каевски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Стeвчо Јакимовски се пријави во затворот во Шутка, потврдија од скопскиот затвор за Телма

Дејан Дејан

Мицкоски за Талир 2: Правдата е задоволена за ВМРО ДПМНЕ

Дејан Дејан

Политички „ќорсокак“ за Изборниот законик – рокот пробиен

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе