Пресуда За Талир 2 со која од конфискација куртули партиското седиште на ВМРО ДПМНЕ според премиерот Мицкоски е задоволување на правдата, а за ослободителната пресуда за Никола Груевски посочи кон измените на КЗ
„ВМРО-ДПМНЕ во тој период кога беше предмет на политички прогон и би рекол еден вид на агресија од страна на претходната Влада, измислија случаи кој не постојат, како што е Талир 1 и Талир 2. Вчера конечно судот што се однесува до политичката партија ВМРО-ДПМНЕ донесе пресуда која што е пресуда во согласност на правдата и сето она кое што претставува очекување на граѓаните. Што се однесува до другиот дел од пресудата и лицето кое што е опфатено со другиот дел од пресудата, од она кое што можев да го прочитам од одговорот на Кривичниот совет од Основниот суд, можам да заклучам дека станува збор за последица од законските измени во Кривичниот законик донесени од претходната влада на СДСМ и ДУИ“, рече премиерот Христијан Мицкоски.
Од опозициската СДСМ реагираат дека нападите на ВМРО ДПМНЕ врз судијката Даниела Алексовска Стојановска и притисоците со барање на нејзино разрешување успеале.
„Судството и обвинителството под контрола на Мицкоски го спаси Никола Груевски од одговорност за предметот Талир 2 и го одмрзна криминалниот имот на ВМРО.“Белата палата“, вредна 14 милиони евра и останатиот партиски имот во вредност од 2 милиони евра се повторно во рацете на ВМРО.
Сега на сите граѓани им е јасно зошто ја тргнаa Ленче Ристовска, зошто и беа одземени овластувања, зошто таргет беа судии и обвинители, сите поврзани со предметите „Талир 1“ и „Талир 2“..Прво се отстрани обвинителката која со години ги водеше предметите за незаконското финансирање и криминалниот имот на ВМРО. Потоа се постави обвинителство по мерка на власта, на телефонска линија со Мицкоски.“,рече портпаролка на СДСМ Богданка Кузеска.
Обвинителот Кристијан Смилевски кој дојде на местото на Ристоска за Телма вели дека кога ќе ја добијат писмено изработената пресуда ќе одлучат дали ке поднесат жалба. Рокот да се напише пресуда во сложен предмет е до 60 дена. Талир два застарува за 47 дена ако нема правосилна пресуда. За да се одмрзне имотот на ВМРО ДПМНЕ потребна е исто така првосилна одлука.
Судијката вчера како главна причина ги наведе измените на КЗ од 2023 поради кои обвинителството и го преквлификуваше делото.
Првиот пат го осудила Груевски на 6 години затвор искористување на службената положба но во повторениот прецес обвинителството според неа со истите докази не успеало да докаже дека злоупотребата е направена пречекорување на овластувањата и со неизвршување на службената должност
Според обвинението договорот со Бетон за изградба на партиското седиште на ВМРО ДПМНЕ бил направен спротивно на законите за Финансирање на политички партии и за Облигациони односи а партијата стекнала над 8 милиони евра
И судењето Талир 1 за незаконско финансирање на ВМРО ДПМНЕ продолжува на 03 септември.
Елена Ивановска
