Вести Свет Топ вести

Хрватскиот министер за финансии поднесе оставка, за летувања во луксузен хотел плаќал трипати поевтино

Хрватскиот министер за финансии Здравко Мариќ си заминува од Владата. Премиерот Андреј Пленковиќ за таа функција ќе го предложи Марко Приморац. Медиуми пишуваат дека информацијата синоќа е потврдена од хрватската Влада.

– Точно е дека Здравко Мариќ, на сопствена иницијатива, си заминува од местото на потпретседател на Владата и министер за финансии. Претседателот на Владата за тоа утре ќе ги извести владините членови и парламентарното мнозинство, изјави портпаролот на Владата, Марко Милиќ, јави Хина.

Здравко Мариќ стана министер за финансии во 2016 година. Од 2019 година, тој е и потпретседател на хрватската Влада.

Од 2008 до 2012 година, Мариќ беше државен секретар во Министерството за финансии.

Медиуми пишуваат дека Мариќ си оди, откако минатиот месец изби афера поради неговиот престој на продолжен викенд во хотелот „Белви“ во Мали Лошињ во 2019 година.

Како што откри порталот „Остро“, тој за сместување за себе, за сопругата и двете деца, тогаш платил 291.20 евра за ноќ, што претставува трипати пониска цена од вообичаените за тоа време во годината.

На Мариќ му се препишуваат и други афери, а најмногу беше на удар на критиките поради судирот на интереси со ангажманот во Агрокор.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ЦУК: Сува трева и грмушки горат кај Пробиштип, Куманово и Петровец

Дејан Дејан

Песков: Не е можно замрзнување на конфликтот во Украина

Дејан Дејан

Притвор од 72 часа за македонската државјанка која прегази куче во Црна Гора

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе