Вести Свет Топ вести

350.000 цивили се повикани на евакуација во Доњецката област, се интензивира војната на истокот од Украина

Гувернерот на Доњецк, Павло Кириленко повика 350.000 цивили да се евакуираат од источниот украински регион поради претстојните руски офанзиви.

Повикот следува еден ден откако рускиот претседател Владимир Путин прогласи победа во соседниот регион, Луганск.

Се верува дека токму Доњецк е следната цел на Русите.

Извлекувањето на 350.000 цивили е „нужно за да се спасат животи“, смета Кириленко, како и да се „овозможи украинската војска полесно да ги брани градовите од руските офанзиви“.

– Судбината на целата земја ќе биде одлучена во Доњецк. Кога од регионот ќе се евакуираат цивили, војската ќе може да се сконцентрира на непријателот, истакна Кириленко.

Руските сили жестоко го бомбардираа Словјанск, град во Доњецк што се смета за клучна цел на руските сили, заедно со Краматорск.

Градоначалникот на Словјанск, Вадим Лика преку Фејсбук ги повика жителите на евакуација.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ЦУК: Сува трева и грмушки горат кај Пробиштип, Куманово и Петровец

Дејан Дејан

Песков: Не е можно замрзнување на конфликтот во Украина

Дејан Дејан

Притвор од 72 часа за македонската државјанка која прегази куче во Црна Гора

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе