Руските и сепаратистичките сили во источна Украина го освоија градот Лисичанск, потврди руското министерство за одбрана.
Рускиот министер за одбрана, Сергеј Шојгу потоа ми пренел на претседателот на државата Владимир Путин дека на тој начин целиот регион Луганск е ослободен и под руска контрола.
Истовремено, чеченскиот лидер Рамзан Кадиров на својот канал на социјалната мрежа Телеграм објави повеќе видеа на кој се гледаат Чеченските борци во градот. Во една од тие видеа, чеченските борци ги развиориле и поранешното советско знаме на врвот од зградата на локалната администрација.
Според објавите на Кадиров, припадниците на специјалната Чеченска бригада и 6-тата Козачка бригада влегле во градот и во центарот се обединиле со припадниците на проруските сепаратисти од ткн Луганска народна република.
Украинците негираат дека ја изгубиле битката во последниот град во регионот Луганск кој не беше под контрола на проруските сепаратисти, додавајќи дека наводно се уште има битки во делови од Лисичанск.
Сепак, снимките објавени од Чеченските борци покажуваат поинаква ситуација,. Тие тврдат дека го освоиле градот без никакви загуби а се гледа и како борците се пречекани и поздравени како ослободители од дел од цивилното население.
Проруското расположение во Лисичанск и не е преголемо изненадување, земајќи предвид дека дел од населението се етнички Руси.
Лисичанск беше последниот поголем урбан центар во Луганск кој беше цел на руската офанзива. Со неговото освојување, фокусот на нападите сега ќе се пренасочи кон соседниот регион Доњецк.
Украинците не соопштуваат јавно, но голема е веројатноста дека повлекле дел од своите сили на одбранбената линија Бахмут и Словјанск, иако и таа линија на фронот веќе е под жестоко руско гранатирање. Украинската надеж останува дека со доволно помош во тешка артилерија од западните сојузници ќе можат да го запрат напредувањето на Руската војска.
Никола Илиевски
