Вести Македонија Топ вести

Три француски модификации, за “ДА” од Скопје

Три клучни измени има во новиот компромисен француски предлог, дознава Телма.

Првата е модификација на терминологијата околу одржувањето на Првата меѓувладина конференција, со тоа што со новата терминологија, официјалниот старт на преговорите би бил со Првата меѓувладина конференција,  а останатите измени се однесуваат на повторно извлекување на историските прашања и т.н. Протоколи од Меѓувладините конференции предвидени со Договорот за добрососедство меѓу Македонија и Бугарија.

Овие протоколи или заклучоци, повеќе не би биле дел од Преговарачката рамка, како што стоеше во првичниот нацрт – предлог на француското претседателство.

Формулацијата околу јазикот останува – македонски, со унилатерални изјави од Бугарија и Македонија, кои инаку немаат формално- правна тежина на обременување на самата Преговарачка рамка.

Останува обврската за промена на Уставот и внесување во него на Бугарите, до отворањето на првиот преговарачки кластер.

Пред формалното отворање на преговорите, доколку модифицираниот предлог биде прифатен од македонска страна, ќе треба да се потпише вториот Протокол од Меѓувладината конференција меѓу Македонија и Бугарија.

За што пак, деновиве, а не е исклучено уште утре, во Скопје да допатува бугарската министерка за надворешни Генчовска.

Нема официјална потврда на овие информации од македонските власти, додека во Бугарија веќе се лиферуваат детали со сосема поинаков контекст.

Б. Х

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Долгорочни кредити за нови компании од младите, укинување на данокот за купување на стан во кој живее газдата, 13 пензија – дел од економските мерки на ЗНАМ

Дејан Дејан

Инвестиции од половина милијарда евра, минимална плата од 800 евра – коалицијата „Вреди“ ја промовира програмата „План 2030“

Дејан Дејан

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Спасовски мирно спие со сознанието дека се пропишани драконски казни за дела кои луѓето не ги направиле на 27 април?

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе