Вести Свет Топ вести

Затворени двата генерални конзулата на Русија во Бугарија заради протерувањето на 70 руски дипломати

Конзуларната служба на руската Амбасада во Бугарија и Генералниот конзулат во Варна ја прекинаа својата работа. Исто така денеска и Генералниот конзулат во Русе ќе престане со работа и ќе биде затворен еден месец.

Филип Воскресенски, советник во руската Амбасада во Софија, за Тасс изјави дека секој кој претходно контактирал со руските конзулати во Бугарија може да се јави во амбасадата кога конзулатите ќе продолжат со работа.

Бугарскиот премиер во заминување Кирил Петков во вторникот најави протерување на 70 руски дипломати – многу од нив шпиони користејќи дипломатско покривање за да се мешаат во внатрешните работи на балканската држава, објави Политико.

Овој потег на Кирил Петков е невидено одлучувачки чекор против Кремљ во земја со длабоки врски со Москва, пишува весникот Политико.

Петков, кој се обиде да зацрта невообичаено про-НАТО и трансатлантски курс по инвазијата на Украина, се пожали дека Русите – заедно со нивната бугарска мафија, понекогаш поврзана со Москва – помогнале да се изгласа недоверба минатата недела.

Лидерката на Бугарската социјалистичка партија, Корнелија Нинова, во објава на Фејсбук напиша дека одлуката за протерување на 70 руски дипломати е чин без преседан во бугарската дипломатија, што според неа ќе има долгорочни последици. Нинова изјави дека категорично е против ваквата одлука.

Владислав Панев од Демократска Бугарија рече дека ја поздравува одлуката за влез во Советот на министри пред состанокот на владејачката коалиција во Бугарија.

Билјана Ставрова

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ЦУК: Сува трева и грмушки горат кај Пробиштип, Куманово и Петровец

Дејан Дејан

Песков: Не е можно замрзнување на конфликтот во Украина

Дејан Дејан

Притвор од 72 часа за македонската државјанка која прегази куче во Црна Гора

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе